Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раад ал Хусеин: Најмалку 163 цивили се убиени на 1 јуни од џихадистите

Раад ал Хусеин: Најмалку 163 цивили се убиени на 1 јуни од џихадистите

Повеќе од 163 цивили се убиени на 1 јуни од џихадистите на организацијата „Исламска држава“, соопшти високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин.

„Бруталноста на џихадистите и другите терористички групи очигледно не познава граници“ – рече Хусеин на седницата на Советот на ОН за човекови права во Женева. 

Тој кажа дека во понеделникот добил информации за погубените цивили, меѓу кои има жени и деца, и дека нивните тела сè уште се на улиците во Мосул.

„Во западниот дел на градот многу лица се водат како исчезнати“- вели тој. 

ОН на крајот од мај процениле дека во делови на Мосул во рацете на џихадистите биле околу 200.000 цивили.

Слично

Поврзани вести