„Qatar Airways“ го воведува најдолгиот лет на светот
„Qatar Airways“ планира да се запише во историјата на авијацијата со воведување на нова најдолга авио-линија на релација од Доха до Окланд (САД) која непрекинато трае повеќе од 18 часа, пренесува британски Гардијан.
Рутата од еден до друг крај на светот, која ќе биде долга повеќе од 18.000 километри се наоѓа во најновиот развоен план на катарската компанија.
Планираниот лет на „Qatar Airways“ ќе ја надмине моментално најдолгата авио-линија на светот на австралиската компанија „Qantas“ и тоа за два часа.
„Qantas“ го држи рекордот по должина на директен лет на релација од Сиднеј до Далас, за кој е потребно повеќе од 15 часа летање.
Прочитајте ја и оваа статија:
[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/16/faktor-intervju-doznajte-od-prva-raka-kako-e-da-se-bide-stjuardesa-vo-katar-ervejs/" target="blank" ]ФАКТОР Интервју: Дознајте од прва рака како е да се биде стјуардеса во „Катар Ервејс“[/button]
