Путинов пријател и ексминистер, пронајден мртов во хотел
Милионер и поранешен министер за комуникации во Русија, Михаил Лесин е пронајден мртов во хотел во Вашингтон.
Лесин беше близок пријател до рускиот претседател Владимир Путин и често беше критикуван за цензурирање на медиумите.
Детали околу неговата смрт не се познаци, бидејќи американската полиција не сакаше да октрие ништо додека не заврши истрагата.
Лесин ја финансираше Раша тудеј, медиумската мрежа која емитува вести на повеќе јазици и која ја поддржува руската влада, и која „дава поинаква перспектива на големите настани во светот“ од „руска перспектива“.
Лесин беше руски министер за комуникации од 1999 до 2004, а потоа беше советник на Путин во создавањето на медиумската куќа Раша тудеј и главен директор на медиумската куќа на рускиот нафтен гигант Газпром.
Неодамна за неколку милиони долари купи имот во Европа, како и повеќе недвижнини во Лос Анџелес за околу 30 милиони долари.
