Путин: Знаеме точно колку платиле САД за соборувањето на Јанукович
Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека САД стојат зад отстранувањето од власт на украинскиот претседател Виктор Јанукович и дека Американците веќе дури и не го прикриваат овој факт.
Во интервју за телевизиските канали „CBS“ и „PBS“ тој беше запрашан од водителот Чарли Роуз дали смета дека „САД се поврзани со соборувањето на Виктор Јанукович, кога тој беше принуден да избега во Русија?“.
„Знам за тоа апсолутно се“, возвратил претседателот. Запрашан од каде му е познато тоа, Путин објаснува: „Многу едноставно. Од луѓето кои живеат во Украина - со нив имаме илјадници заеднички контакти и илјадници линкови. И знаеме кој, каде, кога се сретнал, работел со оние луѓе кои го соборија Јанукович, како ги поддржувале, колку им платиле, како ги подготвувале, на кои територии, во кои држави и кои им биле инструкторите. Ние сите знаеме. А и патем, нашите американски партнери веќе не го кријат тоа“.
Запрашан дали го почитува суверенитетот на Украина, рускиот претседател одговара „Категорично“. „Но, ние би сакале и другите земји да ги почитуваат суверенитетот на другите земји, вклучувајќи ја и Украина. А да се почитува суверенитетот, значи да не се дозволени државни преврати, неуставни активности и нелегално симнување на легитимните власти“.
„А како станува промената на легитимна власт? Која е улогата на Русија во обновата на власта во Украина?“, прашува Роуз. „Русија никогаш не учествувала и не се поканува да учествува во активности насочени против легитимните власти“, возвратил претседателот. „Но треба ли да се користи воена сила, за да се постигне оваа цел?“, инсистирал новинарот. „Не, се разбира“, одговорил Путин.
Темата „Украина“ е покрената од самиот претседател во текот на разговорот за тоа редно ли е да се помага на режимот на Башар ал Асад во Сирија. Путин вели дека „Украина е најблиската ни земја, братска земја, тоа не е само словенски народ, и најблизок народ до Русите“.
„Што го сметате за апсолутно неприфатливо за нас? Решавањето на прашања, вклучувајќи ги спорните прашања, внатрешнополитички прашања во републиките од поранешниот СССР со помош на т.н.. Обоени револуции, со помош на преврати и неуставни методи за промена на сегашниот власт - тоа е апсолутно неприфатливо“.
На прашањето за руското воено присуство на границите на Украина и тврдењата дека руската армија е на украинска територија, Путин одговорил на оваа прашање: „А имате ли воено присуство во Европа?“.
„Во Европа се наоѓа тактичко нуклеарно оружје на САД, да не го заборавиме тоа. Што значи тоа? Дека сте ја окупирале Германија или само сте направиле конверзија од окупациските војски во војници на НАТО? А ако се држиме за своите војници на наша територија на границата со некоја држава, вие го сметате ли тоа за криминал?“
По повод Сирија и руските трупи таму Путин објаснува дека „Русија нема да учествува во никакви воени операции на територијата на Сирија или во други земји, во секој случај кон денешниот ден не планираме такво нешто“.
Во неделата за време на говорот на украинскиот претседател Петро Порошенко во ОН руската делегација демонстративно ја напушти салата на Генералното собрание. „Ја напуштија салата во знак на протест против чисто политизираниот и агресивен говор, која совршено не одговара на бараната тема на средбата“, го цитира „ТАСС“ од еден од руските дипломати. (Седницата беше за глобалните цели на човештвото и на него се обрати и претседателот Барак Обама)
Во салата сепак останал еден руски претставник кој за изворот на агенцијата објаснил дека „руската страна има навика да ги слуша своите противници и да не ги остава изјавите сосема без внимание“.
