Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин знае како треба во време на криза

Путин знае како треба во време на криза
Поттикната од падот на цената на златото Русија во последниот период значително ги зголемила своите резерви со овој благороден метал со што во ноември годинава во своја сопственост поседувала 1,187,5 тони. За еден месец земјата купила речиси 20 тони злато имајќи го предвид податокот дека претходниот месец во државниот сеф резервите на злато изнесувале 1.168,7 тони. Оваа информација ја објави „Блумберг“ повикувајќи се на податоци добиени од Меѓународниот монетарен фонд. Според овие податоци складирањето резерво од овој благороден метал русија го отпочнала уште пред осум месеци поттикната од падот на цените на златото на светскиот пазар. Цената на унца злато од почетокот на годината падна 1,9 отсто, на 1.181 долар, откако во 2013 година падна 28 отсто, покрај растот на доларот и намалената побарувачка на берзанските пазари. Според податоците на ММФ, Русија од 2005 година ги зголеми резервите на злато за три пати на максимално ниво од 1993 година. При тоа како што покажуваат податоците на Светскиот совет за злато, вкупниот удел на Русија во обемот на меѓународните резерви на овој драгоцен метал изнесува 10%.
Слично

Поврзани вести