Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин жали за жртвите од Истанбул - Нема ништо поподмолно од напад на цивили за Нова Година

Путин жали за жртвите од Истанбул - Нема ништо поподмолно од напад на цивили за Нова Година

Тешко ми е да си замислам поцинично злосторство од убиството на цивили во екот на празнувањето на Новата година. За терористите сепак целосно се туѓи правилата на човечкиот морал, нагласи Путин во телеграмата со сочувство.

Рускиот претседател Владимир Путин упати телеграма со сочуство до Ердоган и до целиот турски народ за претрпение грозоморен терористички напад извршен на прославата на Нова Година во ноќен клуб во Истанбул.

- Тешко ми е да си замислам поцинично злосторство од убиството на цивили во екот на празнувањето на Новата година. За терористите сепак целосно се туѓи правилата на човечкиот морал, нагласи Путин во телеграмата со сочувство.

Путин потврди дека во борбата со злото на тероризмот Русија останува партнер на Турција.

Путин изрази сочувство и кон роднините и блиските на загинатите и им посака побрзо закрепнување на ранетите.


Слично

Поврзани вести