Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин задоцни, но се сретна со Папата!

Путин задоцни, но се сретна со Папата!

Рускиот претседател Владимир Путин задоцнил речиси еден час на средбата со папата Фрањо во среда, пишува весникот „католик њуз сервис“.

Не е јасно кои се причините за доцнењето. Изданието прецизира дека личниот секретар на Фрањо монсињор Георг Генсваин излегол да го пречека рускиот претседател во 17,25 часот, а Путин пристигнал во 18,10 часот. Пред тоа Путин се состана во Милано со италијанскиот премиер Матео Рензо и го разгледал „Експо 2015“, од каде тргнал за Ватикан. И покрај забавувањето, што е ретко нарушување на протоколот, Фрањо се поздравил со Путин на германски јазик.

Рускиот претседател го знае добро германскиот јазик од шпионската активност во ГДР. Според Ројтерс папата бил резервиран и нагласено официјален при пречекот на Путин. Аудиенцијата траела 50 минути. Фрањо го повикал Путин и сите други групи во конфликтот во источна Украина да вложат искрени напори за постигнување мир.

Путин му подарил на папата ѕид панел со слика на храмот „Христос Спасител“ и неколку тома на православната енциклопедија. Фрањо пак му подарил медалјон со Ангелот на мирот. „Евангелието внесува светлина во нашите животи и радост и таму има геополитички размислувања за нас и нашиот живот“, изјавил папата Фрањо.

Путин ја завршил вечерта во Рим, и имал средба со поранешниот премиер Силвио Берлускони, кој дошол лично на аеродромот пред рускиот претседател да слета.

putin-berluskoni-01foto-reuters_ff

Во исто време, Европскиот парламент гласа за резолуција според која Русија веќе не е стратешки партнер на ЕУ поради нарушувањето на демократските принципи.

Слично

Поврзани вести