ПУТИН ЗА ВОЈНАТА: Тврди дека украинските власти не донеле правилна одлука
Државноста на Украина наскоро ќе биде доведена во прашање, тврди рускиот претседател Владимир Путин. Путин рече дека е „невозможно“ Украинците да ги одземат на Русија воените придобивки што ги направи во Украина.
Путин денеска изјави дека украинската контраофанзива е неуспешна. Во телевизиско обраќање тој изјави дека доколку украинските власти „донеле правилна одлука, ќе било завршено одамна“, пренесува РИА.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Украина со првата контраофанзува ослободи 50 отсто од окупираната територија. Втората контраофанзива не ги даде посакуваните резултати.
Слично
