ПУТИН ЗА СИРИЈА: Она што го видовте до сега не е ништо во однос на она што го имаме и можеме
Рускиот претседател Владимир Путин истакнал, на свечената вечера посветена на денот на безбедносните сили во Кремљ, дека руските вооружени сили, во текот на операцијата во Сирија не ги искористиле сите свои можности, а доколку биде потребно ќе ги искористат и додатните средства кои ги поседуваат.
„Гледаме како ефикасно работат нашите пилоти, и како меѓусебно ги координираат напорите, а се од различни родови - војска, морнарица, авиација, како го припремаат најсовременото оружје. Сакам да нагласам дека тоа не е максималната наша можност. Далеку од тоа дека таму користиме се што поседуваме“, изјавил Путин.
„Поседуваме и додатни средства. Ако некогаш биде потребно, и нив ќе ги искористиме“.
Тој како што пренесува сајтот „Спутник“, нагласил дека руската специјална служба оваа година спречила повеќе од 30 терористички напади.
„Ова година се заблагодарувам на напорите на ФСБ за спрчените повеќе од 30 терористички напади. Разузнавачките служби во голем број ги зајакнуваат активностите во Русија. Голема одговорност сноси и контраразознавачката служба. Во 2015 година се откриени повеќе од 320 кадровски службеници и агенти на специјални служби на странски држави и нивни помагачи“, нагласил рускиот претседател.
Шефот на руската држава нагласил дека акциите и плановите на терористите преставуваат директна закана на Русија.
„Ситуацијата не е едноставна. Расте напнатоста на Блискиот исток и во други региони во светот. Терористите отворено објавуваат војна на цивилизациите, на цела меѓународна заедница. Нивните акции и планови се директна закана и на нашата земја“.

