Путин за Клинтон: Подобро е да не се расправате со жени!
Рускиот претседател Владимир Путин на нему својствен, ироничен начин и одговори на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, која заради агресијата на Крим го спореди со Адолф Хитлер.
Во својата изјава, дадена уште минатата недела, но од која Кремљ тукушто објави транскрипт, Путин ја нарекува Клинтон „слаба“, но додава дека „тоа не е лоша особина за жена“.
„Подобро е да не се расправате со жени. Но, госпоѓата Клинтон никогаш не била премногу грациозна во своите изјави. Сепак, секогаш на заедничките средби имавме срдечни разговори на разни меѓународни настани. Мислам дека и во овој случај можеме да се договориме. Кога луѓето ги поместуваат границите предалеку, тоа не е затоа што се силни, туку затоа што се слаби. Но, слабоста не е најлоша особина за една жена“, вели Путин.
Портпаролот на некогашната прва дама на САД не ја коментирал ваквата изјава на рускиот претседател.
Слично
