ПУТИН ЗА ИСПРАТЕНИТЕ АВИОНИ ВО УКРАИНА: Ќе бидат уништени, нема да го сменат текот на војната
На Утрински брифинг Кремљ реагираше на испраќањето МиГ во Украина од две земји на НАТО. „Борбените авиони испорачани во Киев ќе бидат уништени и нема да го променат текот на војната“, се вели на конференцијата.
Да потсетиме, утринава словачката влада одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина. Ова утрово го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачка е втората земја која објави дека ќе испрати воени авиони во Киев, по Полска, која вчера најави испраќање на четири МиГ.
Словачка ќе испрати 13 МиГ-29 во Украина, објавија локалните медиуми. Словачката флота од 11 авиони МиГ-29 беше пензионирана минатото лето и повеќето од нив се во оперативна состојба. Тие што работат ќе ги испратат а останатите ќе одат по резервни делови. Словачка, исто така, ќе снабдува дел од својот систем за воздушна одбрана КУБ, рече Хегер.
