Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин за Фигаро: Имате бомби во Европа, во Париз, Белгија

Путин за Фигаро: Имате бомби во Европа, во Париз, Белгија

Рускиот претседател Владимир Путин упати критики кон Европа во интервју за француски весник. 

Со нападите во Париз и остатокот од Европа, војната на Блискиот Исток, чудно е да се слуша за руски закани, изјави рускиот претседател Владимир Путин за Фигаро.

Путин во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, а искажа и уверување дека Москва и сите престолнини на Западот сакаат „безбедност, мир и соработка“.

„Не треба да се создаваат тензии или фиктивни закани од Русија, некаква хибридна војна и така натаму. Што е најголемиот проблем денес? Тероризмот. Имате бомби во Европа, во Париз, Белгија. Имате војна на Блискиот Исток. Тоа е главната грижа. Но,  не, ајде да шпекулираме за заканата од Русија“- вели Путин.

Си ги измисливте тие нешта и сега се плашите себеси со нив и дури ги користите за да ја градите својата политика, додава Путин за францускиот весник.

Слично

Поврзани вести