Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: За да се справиме со терористите треба да дејствуваме веднаш

Путин: За да се справиме со терористите треба да дејствуваме веднаш

Рускиот претседател Владимир Путин предупредил дека ако терористите постигнат успех во Сирија, тие потоа ќе одат и во Русија. Тој, сепак дадал дека тоа нема да дозволи да се случи, пренесоа агенциите.

Единствениот начин да се справиме со терористите во Сирија е да дејствуваме веднаш, истакнал Путин. Рускиот претседател изјавил дека сите страни треба да ги здружат напорите во борбата со џихад групата „Исламска држава“ (ИД), и изрази уверување дека тоа е можно. Русија е убедена дека борбата против тероризмот треба да се води строго во согласност со меѓународното право, т.е. во согласност со резолуцијата на ОН или по барање на официјалната влада, истакнал тој.

Рускиот претседател обрнал внимание дека неговата земја ги известила сите држави што ќе преземе во Сирија.

Русија ќе и даде поддршка на сириската армија од воздухот и нема да презема дејствија на земја, прецизирал Путин. Тој истакнал дека посветеноста на Русија во Сирија е привремена.

Путин ги поканил сите заинтересирани држави да се вклучат во активностите на информативниот центар во Багдад за координирање на борбата со „Исламската држава“.

Рускиот претседател ја дал изјавата откако земјата ги нанесе денес првите воздушни напади во Сирија против „Исламска држава“.

Претходно во текот на денот шефот на администрацијата на Кремљ, Сергеј Иванов соопштил дека сирискиот претседател Башар ал Асад се обратил кон Русија со барање да му се даде воена помош во борбата против терористите на „Исламска држава“. Москва одговорила позитивно, со што утринава Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент, едногласно реши за руските вооружени сили да учествуваат во операции во Сирија.

Слично

Поврзани вести