Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Вратете си ги парите во Русија, за да не бидат замрзнати од Западот

Путин: Вратете си ги парите во Русија, за да не бидат замрзнати од Западот

Владимир Путин ги повикал руските милијардери и бизнис лидери да ги вратат парите во Русија и навести дека нивните финансиски средства во странство може да бидат замрзнати со нови санкции, пренесува „АП“.

Во говорот пред конгресот на Руската унија на индустријалци и претприемачи рускиот претседател изјавил дека од неколку земји во странство „така да се каже, добил загрижувачка информација“. Според него со оваа информација „се создава впечаток дека може да бидат преземени обиди да се спречи враќањето на капиталот во Русија“.

Тој појаснил дека тоа може да биде поврзано со „ограничувања за употребата на средствата кои се наоѓаат во странските институции“.

„Само имајте го на ум тоа!“, се обратил Путин кон бизнисмените и додаде дека секој од нив треба сам да донесе одлука.

Минатата година од Русија е истечен капитал од рекордна вредност со 151,5 милијарди долари, потсетуваат агенциите.

Затоа во декември Путин објави капитална амнестија, односно дека со враќање на капиталот во Русија тие нема да бидат предмет на оданочување и други ограничувања. Денес сепак претседателот истакнал дека амнестијата треба да дејствува според меѓународните правила и против перењето пари, за да не бидат примени во земјата како нелегално стекнат капитал.

Веста за финансиската амнестија беше проследна од повеќегодишните обиди на руската влада да оствари таканаречена деофшоризација, односно да ја прекине практиката на руски бизнисмени и компании да ги задржат своите средства во „матна вода“  на странски институции. Засега овие обиди не доведоа до значителни успеси.

Слично

Поврзани вести