Путин воведува санкции за Бајден, Трудо, и други државјани на САД и Канада
Русија објави дека денеска ги ставила американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ со која им се забранува влез во земјата.
Нивните имиња, заедно со министерот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, се најдоа на списокот од 13 лица на кои им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите на Вашингтон кон руските официјални лица.
Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари, поради што САД и ЕУ воведоа санкции кон Москва.
