Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Во Сирија постигнавме импресивни резултати, уништени се стотици терористи

Путин: Во Сирија постигнавме импресивни резултати, уништени се стотици терористи

Руските воени акции достигнале импресивни резултати во Сирија. Тоа го изјавил рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од агенциите, на седница на Советот на државните раководители од Заедницата на независни држави во Казахстан.

„Постапувајќи од воздух и море против однапред договорени со Сиријците цели, нашите војници постигнаа импресивни резултати. Уништени се десетици командни пунктови и складови со муниција, стотици терористи и големо количество борбена техника“, изјавил претседателот. Путин истакнал за напредокот во координирањето на активностите за борба против групата „Исламска држава“ во Сирија и на воспоставените контакти со земјите од Блискиот Исток. Тој истакнал дека Русија секогаш ги повикува на најширока можна коалиција за борба против екстремистите и терористите.

„Преговараме со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, со Египет, Јордан, Израел и други земји, се обидуваме да постигнеме интеракција со САД и Турција“, прецизирал тој.

Според различните проценки во редовите на џихадистите кои војуваат помеѓу 5000 и 7000 граѓани на Русија и другите земји од ЗНД, изјавил рускиот претседател. Тој истакнал дека зголемената потреба од соработка за справување со меѓународниот тероризам има и во рамките на Заедницата. Не можеме да дозволиме овие луѓе да ги користат придобивките во Сирија а војуваат последователно дома, истакнал Путин.

Слично

Поврзани вести