Путин во новогодишното обраќање кажа дека „Голема Русија“ ќе ги постигне своите цели во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин во новогодишното обраќање изрази уверување во победа во Украина и порача дека „Голема Русија“ ќе ги постигне своите цели.
Путин повторно ги нарече руските војници во Украина херои.
„Ве уверувам дека милиони луѓе низ цела Русија се со нив оваа новогодишна вечер. Мислат на нив, сочувствуваат со нив и се надеваат за нив. Обединети сме во нашата искрена, несебична и посветена љубов кон Русија“, рече Путин.
Рускиот претседател не ги спомена преговорите со Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната во Украина, ниту пак изрази надеж за мир. Војната трае скоро четири години.
Слично
