Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин во Минск, победа на дипломатијата

Путин во Минск, победа на дипломатијата

Рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува за Минск на состанок за решавање на украинската криза, потврдија од Кремљ.

Во Белорусија потуваат и украинскиот претседател Петро Порошенко, како и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Владимир Путин денеска ќе отпатува за Минск, каде ќе учествува на состанокот формиран од „Нормандија“ изјавија во соопштението од Кремљ.

Од Елисејската палата потврдиле дека Меркел и Оланд ќе патуваат за Минск да би „пробале се“ во целта за дипломатско решение на кризата.

Порошенко исто така го потврдил своето присуство на состанокот кој според дипломатски извори би требало да започне во 16 часот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавил дека е сигурен во донесувањето на решение за конфликтот во Украина на мировните преговори во Минск.

„Специјалисти работат. Има значаен напредок“, изјавил министерот но одбил да го открие нацртот на спогодбата пишува Раша тудеј.

„Претседателите не патуваат бадијала“ изјавил изворот.

Дипломатски извор од Русија изјавил за Ројтерс дека постојат 70 % шанси за лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија за постигнување на договор.

Слично

Поврзани вести