Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин во минатото работел како таксист

Путин во минатото работел како таксист

Во деведесеттите години работев како таксист, изјави рускиот претседател Владимир Путин. 

Тој денеска оцени дека Русија во 1990-тите била во граѓанска војна.

„Ситуацијата беше многу тешка и се однесуваше на внатрешната состојба на целата држава, на сите нејзини компоненти. Се однесуваше на економијата, политиката, спроведувањето на законот, војската… Во суштина, имаше граѓанска војна во земјата“, рече Путин во документарниот филм „Русија. Нова историја“, кој беше прикажан на ТВ Русија 1.

Путин рече дека западните земји во 1990-тите мислеле дека Русија ќе се распадне и дека тоа е само прашање на време.

Слично

Поврзани вести