Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин во Крим: Опасно е да се шпекулира за посебни права на било која нација

Путин во Крим: Опасно е да се шпекулира за посебни права на било која нација

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди во понеделникот дека не треба да се шпекулира за наводни посебни права на било која нација на Крим.

 -Сите шпекулации на тема било какви посебни права на граѓаните, кои припаѓаат на одредена националност, одреден етнос, ги сметам за исклучително опасни-рекол Путин во текот на работнтата посета на Крим при средбата со претставници на кримските национални здруженија.

 Потребно е да се штитат правата на сите жители на Крим и Севастопол, независно од тоа дали тие се Руси, Украинцим кримски Татари или претставници на други етноси-рекол рускиот претседател.

Путин истакнал дека „мудроста на кримските Татари“ ќе им оневозможи на „професионалните борци“ чии амбиции немаат ништо заедничко со интересите на кримско-татарскиот народ да ја дестабилизираат состојбата.

 Руската агенција пренесува и дека Путин ветил дека ќе го разгледа прашањето на поедноставување на одобрувањата на државјанства од Русија за кримските Татари, кои се враќаат од странство и одамна живеат на Крим, но немаат уредна регистрација.

 Темата на меѓунационалните односи е деликатна и претставниците на властите треба да дејствуваат внимателно и низ дијалог, рекол тој, изразувајќи уверение дека на Крим, како и во цела Русија, е потребно да се посветува непрестајно внимание на јакнење на мирот и слогата, како и обединување на напорите на државите и цивилното друштво.

Слично

Поврзани вести