Путин вети помош за ранетите војници во Украина, привилегии ќе има и за нивните деца
Рускиот претседател Владимир Путин посетил ранети војници од фронтот во Украина.
Путин денеска попладне ја посети Централната воена клиничка болница „П.В. Мандрика“ во Москва каде се лекуваат ранетите војници, кои биле дел, од како што велат, „специјалната операција“ во Украина. Тој ветил помош по напуштањето на болницата, објавија од Кремљ. Руското Министерство за одбрана планира да обезбеди работни места за своите војници и офицери во своите структури, а некои од нив ќе бидат преквалификувани. Нивните деца ќе добијат стипендија за завршување на училишта и факултети, пренесува РИА Новости.
Путин потпиша указ за поедноставување на доделувањето државјанство на Руската Федерација на жителите на регионите Запорожје и Херсон во Украина. Тие се под контрола на руските сили. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
Слично
