Путин вети нови привилегии за мобилизираните за војната во Украина
На мобилизираните Руси за војната во Украина ќе им следи статус на воени ветерани. Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов закон. Тие ќе имаат право на бенефиции и социјална помош.
„Според новиот закон, статусот воени ветерани и воени инвалиди ќе го добијат и Русите кои се мобилизирани „да им помагаат на мисиите на Вооружените сили на Русија за време на специјалната воена операција во Украина", објави Кремљ.
Русија мобилизираше околу 300.000 војници. Путин претходно овој месец изјави дека околу 80.000 нови регрути биле испратени во Украина, додека околу 50.000 од нив биле вклучени во борбени операции. Москва нема планови за дополнителна мобилизација на војници.
Но, се појави и видео за кое се тврди дека на него се прикажани руски војници кои не сакаат да одат во Украина. Сега Украина се подготвува за најтешката зима досега, откако руските сили уништија добар дел од енергетската инфраструктура.
Слично
