ПУТИН ВЕТИ БЕСПЛАТНО ЖИТО ЗА НЕКОЛКУ ДРЖАВИ: „Москва ќе ги сноси сите трошоци за испорака“
- Русија ќе биде
подготвена да испорача бесплатно жито во некои од најсиромашните земји во
Африка за 3-4 месеци, рече Владимир Путин.
Рускиот претседател ова го изјави за време на руско-африканскиот самит што се одржа во Санкт Петербург.
- Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканската Република и Еритреја ќе добијат по 25-50 илјади тони жито, изјави рускиот лидер.
„Москва ќе ги сноси сите трошоци за испорака“, изјави Путин, пренесува RT на англиски јазик.
Соопштението дојде една недела откако официјална Москва се повлече од Договорот за жито во Кномори, договор што овозможи украинското жито да се извезува со комерцијални бродови.
Слично
