Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин верува во соработка со Трамп, САД не му веруваат на својот претседател

Путин верува во соработка со Трамп, САД не му веруваат на својот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин заврши со пријателски пораки и позитивен тон по средбата со американскиот колега Доналд Трамп за кого смета дека е поинаков во живо отколку што е прикажан во медиумите. 

Путин по завршувањето на конференцијата на самитот Г20 и приватната средба со Трамп смета дека е поставен добар темел за градење на меѓусебни односи бидејќи соработка меѓу Русија и САД е неопходна. 

И додека Путин верува во подобра иднина во САД владее хистерија, на Трамп му наоѓаат бројни забелешки, од тоа како се поставил на средбата со мал тим и недоволно политчко искуство до неговата наивност дека Русија може да биде пријателска земја за која сега сметаат дека е активен противник на нивните интереси. 

По состанокот, американскиот и рускиот претседател потврдија дека е договорено примирје на југозападот на Сирија.


Слично

Поврзани вести