Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ВЕЛИ НЕМА СТО ГОДИНИ ДА ВЛАДЕЕ: Какви се реакциите на Белата куќа и Меркел?

ПУТИН ВЕЛИ НЕМА СТО ГОДИНИ ДА ВЛАДЕЕ: Какви се реакциите на Белата куќа и Меркел?

Рускиот претседател, Владимир Путин кој на изборите во недела освои над 76 проценти од гласовите изјави дека на Русија и е неопходен исчекор напред во сите области и најави дека нема намера сто години да биде на власт.

Путин откако освои уште еден шестгодишен мандат изјави дека неговата победа отвора можности за натамошни решителни чекори во развојот на Русија.

65 годишниот Путин на собирот во центарот на Москва кој официјално беше наречен „Русија, Севастопол Крим“, посветен на четири годишнината од припојувањето на Крим кон Русија, изјави дека неговата победа била признание за она што било направено досега.

Сегашниот лимит од два последоватлни претседателски мандата значи дека Путин не е во можност повторно да се кандидира во 2024 година без да го менува Уставот.

Путин е претседател или премиер на Русија уште од 1999 година.

Според Централната изборна комисија, на изборите скоро 55 и пол милиони граѓани гласале за Путин.

На второ место е кандидатот на Комунистичката партија Павел Грудинин со 11 проценти од гласовите, а на трето ултранационалистот Владимир Жириновски со 5,6 проценти.

Белата куќа во понеделникот му ја честиташе на Путин победата на изборите, наведувајќи само дека неговиот повторен избор за шеф на државата не претставува изненадување и дека не е договорен никаков телефонски разговор во кој американскиот претседател Доналд Трамп лично би му честитал на победата.

Германската канцеларка Ангела Меркел му честиташе на Путин за добивањето на уште еден шестгодишен мандат. Таа повика на продолжување на дијалогот со цел да бидат пронајдени решенија за билатералните и меѓународните предизвици, се наведува во соопштение од нејзиниот кабинет.

„Изборот без вистинска конкуренција, како што беше случајот овде, не е вистински избор“ велат набљудувачите Од Организацијата за безбедност и соработка во Европа 

Слично

Поврзани вести