Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин вели дека досега биле воздржани, но тоа може да се промени

Путин вели дека досега биле воздржани, но тоа може да се промени

Досега бевме воздржани, порача рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина. 

Како што кажа, Русија покажала „резервирана“ реакција на акциите на Киев и „терористичките напади“, но тоа може да се промени. Тој рече дека неодамна Русија изведе „неколку деликатни“ напади врз Украина, додавајќи дека таквите напади треба да се сфатат како „предупредување“ од Москва. 

„Сведоци сме на обиди за организирање терористички напади, обиди да се оштети нашата цивилна инфраструктура. На ова одговараме воздржано, но само засега“, изјави Путин.

За контраофанзивата рече дека треба да почекаат да видат како ќе заврши. 

Инаку, ликвидирани се повеќе проруски функционери во Украина кои Русија ги постави во окупираните територии. 

Украинците го нападнале градот Валујка на 150 километри од Белгород, руски град близу границата со Украина. Гувернерот Вјачеслав Гладков објави дека еден граѓанин загинал.


foto EPA

Слично

Поврзани вести