Путин вели дека ако можеше Косово, можат и Доњецк и Луганск да бидат независни
Ако можеше Косово да стане независно, можат и Доњецк и Луганск, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Вели дека лично ги прочитал документите на Меѓународниот суд на правдата на ОН за Косово.
„Добро се сеќавам на одлуката на Меѓународниот суд на правдата, во која се вели дека при остварување на правото на самоопределување, одредена територија на ниту една држава не е обврзана да бара дозвола од централните власти за да се изјасни за својот суверенитет. Тоа беше кажано во врска со Косово и тоа е одлука на меѓународниот суд. Таа одлука сите ја поддржаа. Лично ги прочитав сите тие коментари на органите на САД, европските земји, сите тоа го поддржаа. Ако тоа е така, тогаш ДНР и ЛНР имаат исто право да прогласат свој суверентитет, не обраќајќи се на централните власти на Украина, бидејќи преседанот е направен“, рече Путин.
Путин вели дека Русија била принудена да ја признае независноста на ДНР и ЛНР за да се запре геноцидот што Киев го вршел врз локалното население.
Но, негов соработник изнесе и теза дека Украина ќе се распадне на неколку држави.Двете отцепени републики од Украина, Доњецката и Луганската Народна Република, кои Русија ги призна како независни непосредно пред почнувањето на воената операција, во скоро време ќе отворат свои амбасади во Москва, објави агенцијата РИА.
