ПУТИН ВЕЌЕ НЕ СЕ БОРИ ЗА ПОБЕДА, ТУКУ ЗА НЕГОВО ВОСКРЕСЕНИЕ: Професорот Геман со став-„ако го убијат ќе дојде уште полош“
Хајн Геманс,
професор по политички науки на Универзитетот во Рочестер и експерт за
меѓународни конфликти, вели дека рускиот претседател е заглавен во украинскиот
конфликт и дека луѓето како него кои се наоѓаат во таква ситуација често
прибегнуваат кон драстични мерки. Според него, во овој случај тоа би
можело да биде употреба на нуклеарно оружје.
Победа или смрт
„Тој е заглавен. Ако Путин изгуби во Украина, ќе падне од власт и најверојатно ќе биде убиен. Лидерите во такви ситуации се „коцкаат за воскресение“, што значи дека ја продолжуваат војната, често со поголем интензитет и бруталност, бидејќи сè освен победа би значело нивно прогонство или смрт. Ова ме потсетува на случајот со Германија во Првата светска војна каде што само четири месеци по почетокот на војната, кајзер Вилхелм II и неговиот кабинет заклучија дека се непобедливи. Сепак, тие се бореа уште четири години Зошто? Затоа што знаеја дека ако изгубат ќе бидат соборени со револуција. Секако дека беа во право. Лидерите во такви „непобедливи ситуации“ се многу опасни. Тие се причината што Првата светска војна се одолговлекуваше многу подолго отколку што требаше. Затоа Путин е толку опасен. Сега веќе не може да преговара за мировен договор. Се додека двете страни веруваат дека можат да победат, и тоа е она што очигледно го прават, а нивната недоверба еден кон друг расте - нема да има мир“, смета Геманс, кој вели дека Путин во моментов има голем проблем во самата Русија, каде што се соочува со големо незадоволство кај народот, бидејќи сите очекуваат од него да го зајакне конфликтот и да ја добие војната.
Ако го убијат, ќе дојде уште полош
„Путин има и домашен проблем. Тој првично ја одложи масовната мобилизација за да избегне домашни немири, но откако најави мобилизација повеќе од 200.000 Руси веќе ја напуштија својата земја за да избегнат воен рок. Дури и Путин да го убијат сега, не сум сигурен дека неговите најблисски соработници нема да ја ескалираат војната и да продолжат понатаму. Ме плаши што овие луѓе зборуваат за нуклеарно оружје и за напад на Полска и Латвија и Литванија и за бомбардирање на Париз и Лондон. Тие се луди! Јастребите во Кремљ мислат дека војната била погрешно или лошо водена. И во извесна смисла тие се во право.Руската армија е многу слаба, тоа е сиромашна армија. Она што ме загрижува е дека ако Русија продолжи да се повлекува од окупираната територија, мал, тактички нуклеарен напад станува реална можност - во обид да се запре украинското напредување. Се разбира, САД и остатокот од светот би биле целосно настрана.
Она што навистина ме погоди пред неколку дена беше она што Вашингтон го кажа многу јасно, и со многу непогрешливи зборови: „нуклеарните бомби би биле неприфатливи“. Тоа ми кажува дека се плашат дека Русија навистина може да го направи тоа. Во спротивно, не би морале така да го изговараат“.
Запрашан да коментира како би изгледале сценаријата за завршување на војната во Украина, односно кој би бил најповолен исход од овој конфликт за остатокот од светот, Геманс јасно кажа дека се освен победа за Украина би било многу лошо за сите.
„Па, да почнеме со најлошото сценарио - ако победи Русија и Украина биде распарчена или збришана. Како резултат на тоа, целата безбедносна инфраструктура во Европа би пропаднала со директни последици за НАТО, кохезијата на Европската унија, Германија и Блискиот Исток. Сите овие политики што доведоа до мирна соработка ќе бидат отфрлени, создавајќи нестабилност во Европа, што длабоко ќе ги погоди САД. И, се разбира, другите потенцијални диктатори би научиле од примерот на Путин. Голем дел од стабилноста што ја видовме за време на Студената војна се засноваше на очекувањата дека ситуацијата ќе биде стабилна. Беше стабилно затоа што очекувавме да биде стабилно. Но, очигледно тоа веќе не случај. Ако Украина победи, земјата ќе биде во подобра состојба отколку пред војната. За мене тоа значи подобри одбранбени граници, што би значело некаква форма на постојано западно присуство и западно вооружување на Украина, заедно со обука и финансирање. Сето ова би создало многу постабилна Европа. Се надевам дека екстремистите во Русија би извлекле лекција и дека сите во Европа уште една или две генерации би се чувале од Русија“, смета експертот и заклучува дека рускиот лидер се коцка со иднината на својата земја.
„Путин се коцка со иднината на Русија. Покрај санкциите, одливот на мозоци е огромно, како и егзодусот на млади и средовечни, образовани мажи кои имаат средства и се загрижени дека ќе бидат регрутирани. Русија ќе има сериозен недостиг на луѓе, што ќе создаде секакви економски и социјални проблеми“.
