„ПУТИН ВЕЌЕ НЕ Е СИЛАТА ШТО БЕШЕ, ТОЈ Е ЧОВЕК КОЈ САМИОТ СЕ СТАВИ ВО КАФЕЗ“: Британскиот минсистер Волас за следните чекори на руската армија
Министерот за
одбрана на Велика Британија Бен Валас изјави дека поради инвазијата Русија
повеќе не е толку голема земја како некогаш.
Министерот за одбрана нагласи дека инвазијата на Украина е лош потег и дека рускиот претседател Владимир Путин „веќе не е силата што беше, туку човек кој се стави во кафез“. Тие се изолирани, под санкциите на целиот свет се, тоа веќе не е голема земја, истакна тој за Скај њуз.
Руската армија е исцрпена, претрпе значителни загуби. Угледот на големата руска армија е уништен. Путин не само што треба да живее со последиците од тоа што и го прави на Украина, туку ќе мора да живее и со последиците од она што ѝ направи на својата војска, загубени илјадници животи на млади војници“, рече Валас.
Британскиот министер рече дека руската армија се чини дека ја менува својата позиција и го префрла фокусот на југот и на истокот на Украина.
„Тоа го видовме и порано. Секогаш создава уште полоша ситуација, во која ќе има повеќе напади врз цивили и области каде што живеат“, додаде тој, пренесува Би-Би-Си.
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ