Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Угостителската компанија на Пригожин доби 80 милијарди рубљи за храна за војниците

Путин: Угостителската компанија на Пригожин доби 80 милијарди рубљи за храна за војниците

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска најави дека ќе биде спроведена финансиска истрага во угостителската компанија на Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група „Вагнер“, додавајќи дека таа и нејзиниот основач минатата година добиле речиси две милијарди долари од Русија.

Путин рече дека „Конкорд“ на Пригожин добила 80 милијарди рубљи, што е околу 936 милиони долари, за обезбедување на храна на војниците.

- Се надевам дека никој ништо не украл или, да речеме, украл помалку како дел од таа работа, но ние, се разбира, сè ќе истражиме, наведе Путин

Пригожин и некои од неговите војници на „Вагнер“ се преселија во Белорусија поради бунт против Министерството за одбрана на Русија.



Слично

Поврзани вести