Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин тврди дека со војната не изгубиле ништо, само Русија ќе зајакне

Путин тврди дека со војната не изгубиле ништо, само Русија ќе зајакне

Русија не изгуби ништо и нема да изгуби ништо, вели рускиот претседател Владимир Путин. 

Тој смета дека со војната во Украина, Русија само може да зајакне. Според него, Русија го зајакнала својот суверенитет. 

„Сега многумина зборуваат дека Русија го крши меѓународното право. Верувам дека тоа воопшто не одговара на реалноста“, изјави Путин.

Како пример ја наведе војната во Ирак, бомбардирањето на Југославија и Белград, кои не беа одобрени од ОН. 

„Кој ја уништи Југославија под пригодни изговори, кој го стори тоа? Кој ја започна војната во срцето на Европа, бомбардирањето на Белград? Никој не се сеќаваше на принципите на меѓународното право во тоа време“, рече Путин. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Белград предупреди дека Русија не треба да се потценува и оцени дека некои западни земји водат политика на провокација. 

foto EPA/Sergei Bobylev/TASS Host Photo A

Слично

Поврзани вести