Путин тврди дека ракетниот систем „Патриот“ е застарен
Според рускиот претседател, Владимир Путин, ракетниот систем „Патриот“ е застарен.
Вели дека Русија „секогаш ќе наоѓа противотров за таквите потези“.
„Што се однесува до „Патриотите“, ова е прилично стар систем и не работи добро како нашиот С-300. Нашите противници мислат дека тоа е одбранбено оружје, тоа е она што тие го тврдат. Но, тоа е само нивна имагинација, ние секогаш ќе најдеме противотров за таквите потези. Значи, тие само губат време, само го одложуваат конфликтот“, изјавил Путин, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Ракетниот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ првенствено се користи за пресретнување и соборување балистички и крстаречки ракети. САД ќе испорача „Патриот“ за Украина.
Претходно, руски пропагандисти велеа дека овој систем не е ефикасен, но и се закануваа до земјите кои ја помагаат Украина со оружје. „Вчерашната посета на Володимир Зеленски на Вашингтон покажува дека ниту САД ниту украинскиот претседател „не се подготвени за мир“, изјави утрово рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.Русија се закани дека ќе има последици после оваа посета на САД.
foto EPA/SHARIFULIN/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT
