Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин тврди дека и натаму ги гледа Украинците како браќа

Путин тврди дека и натаму ги гледа Украинците како браќа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не треба да ја обвинуваат за војната во Украина. Вели дека двете земји ја делат трагедијата. На средбата со високите воени претставници, тој додаде дека Украинците и натаму ги гледа како братски народ.

„Конфликтот е резултат на политиката на трети земји, не на руската политика“, тврди рускиот претседател.

Тој го обвини западот дека им го испрал мозокот на постсоветските републики, почнувајќи од Украина.

„Секогаш сме ги сметале Украинците за братски народ и сè уште го мислам тоа“, изјави Путин.

Рускиот претседател вели дека „специјалната воена операција“ ќе продолжи и во 2023 година. 

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу истовремено препорача да се зголеми возраста за задолжително служење војска од 27 на 30 години. Тој најави дека руската војска ќе се зголеми од милион на 1,5 милиони припадници, вклучувајќи 695.000 доброволни војници. 

Инаку, во минатото Путин изјавуваше и дека Русите и Украинците се еден народ, но и дека немаат лоши намери. 

Жестоки борби се водеа и допрва ќе се водат во Бахмут. 

фото АП

Слично

Поврзани вести