Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русите го зазеле украинскиот град Северск. 

Путин и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов денеска го објавија заземањето на источноукраинскиот град Северск, отворајќи го патот за понатамошни напредувања, пренесе ДПА.

Украинската страна првично официјално не ги коментираше овие информации.

Руската војска соопшти дека нејзина следна цел е да го заземе градот Славјанск, во кој живееја повеќе од 100.000 луѓе пред почетокот на војната во 2022 година.

Путин ја поздрави „динамиката“ на фронтот и ги пофали војниците. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека САД ја притискаат Украина да ги повлече своите трупи од Донбас, а делот што сѐ уште го контролираат да биде претворен во слободна економска зона. 

foto Kremlin

Слично

Поврзани вести