Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска обвини дека Европската Унија се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп бара крај на најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, Путин рече следниот чекор кон мирот зависи од тоа што ќе направат Украина и Европа.
„Топката е целосно во дворот на нашите западни противници, првенствено на лидерите на киевскиот режим, а во овој случај, првенствено на нивните европски спонзори. Ние сме подготвени за преговори и за мирно решавање на конфликтот“, додаде рускиот претседател.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека Европската унија одлучила да ѝ обезбеди на Украина финансиска поддршка од 90 милијарди евра за периодот 2026-2027 година. Украина се заблагодари за помошта.
Војната трае скоро четири години.
фото Кремлин
