Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН, ТВОЈОТ ГОВОР Е ИЗМАМА И СРАМ: И Борис Џонсон со силна осуда кон денешниот чин во Кремељ

ПУТИН, ТВОЈОТ ГОВОР Е ИЗМАМА И СРАМ: И Борис Џонсон со силна осуда кон денешниот чин во Кремељ

На говорот на Владимир Путин реагираше Борис Џонсон, поранешниот премиер на Велика Британија. Тој го опиша говорот на Владимир Путин, кој претходно денеска најави формална анексија на четири украински територии, како „измама и срам“.

„Владимир Путин, твојот говор е измама и срам. Светот никогаш не смее да ги прифати твоите лажни референдуми или твојот суров и незаконски обид за колонизација на Украина. Ние стоиме со народот на Украина и ќе го поддржуваме без двоумење додека нивната земја не биде целосна и слободна“, напиша Џонсон на Твитер.

Во оваа прилика говореа и лидерите на земјите од Европската унија. Лидерите на 27-те земји од европскиот блок „недвосмислено ја отфрлаат и осудуваат“ нелегалната анексија на четири украински окупирани територии. Тоа е незаконско и не дава правни ефекти, рекоа тие.

„Одлучно ја отфрламе и недвосмислено ја осудуваме илегалната руска анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон“, се вели во изјавата на членовите на Европскиот совет, односно шефовите на држави или влади на 27 земји-членки.


Слично

Поврзани вести