Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПУТИН ТРЕБА ДА БИДЕ СМЕНЕТ-АКО ОСТАНЕ СИТЕ ОКОЛНИ ЗЕМЈИ СЕ ВО ОПАСНОСТ“: Западните политичари реагираа по говорот рускиот претседател на 9. мај

„ПУТИН ТРЕБА ДА БИДЕ СМЕНЕТ-АКО ОСТАНЕ СИТЕ ОКОЛНИ ЗЕМЈИ СЕ ВО ОПАСНОСТ“: Западните политичари реагираа по говорот рускиот претседател на 9. мај

Министерот за надворешни работи на Литванија посочи дека Владимир Путин треба да биде сменет.

По говорот на Путин на воената Парада на победата, кој ги изненади сите, многу високи дипломати реагираа на неговите зборови.

„Сменувањето на рускиот претседател Владимир Путин од власт е единствениот начин да се заштитат Западот и неговите сојузници од идните закани на Москва“, изјави литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

Тој рече дека годишниот говор на Путин на Денот на победата е „неповолен“ и дека се „мрачни лицата“ на генералите поради неуспехот во војната во Украина. Сепак, тој рече дека токму „ранетиот“ Путин може да биде уште поопасен и дека единствен начин да се отстрани заканата е да се тргне од власт, рече тој во интервју за Асошиејтед прес.

„Од наша гледна точка, се додека Путин е на власт, земјите околу него ќе бидат во одредена опасност. И тоа не само од претседателот туку и од целиот режим, рече тој.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести