Путин: Терористите подготвуваат експанзија и дестабилизирање на други региони
Терористите почнувват со пораз во Сирија и подготват план за експанзија и дестабилизација на регионот. Терористите во Блискиот Исток регрутираат борци од поранешните советски држави и се обидуваат да го прошират своето присуство и во други области. Тоа го изјавил рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од агенциите.
Во Сирија и во голем број други земји во Блискиот Исток, терористите готват план за експанзија, за дестабилизација на целиот регион. Продолжуваат да врбуваат борци од многу држави, за жал вклучувајќи и од Русија и од поранешни советски држави, истакнал Путин во Кремљ на настан со учество на високи руски офицери.
Претседателот потсетил дека Русија почнала операција во Сирија како превентивна мерка. Путин истакнал дека воената помош на Русија за оваа земја целосно одговара на руската воена доктрина и на меѓународното право.
Според него руската операција во Сирија ја потврдува способноста на Русија ефикасно да одговара на терористичките и другите закани.
