Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин телефонски разговараше со Меркел и Камерон

Путин телефонски разговараше со Меркел и Камерон

Во телефонски разговор направен денеска со британскиот премиер Дејвид Камерон и германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се што презеле властите на Крим е во согласност со меѓународното право, соопшти Кремљ.

„Путин посебно истакна дека чекорите кои ги презеле легитимните кримски власти се во согласност со меѓународното право и имаат за цел спроведување на легитимните интереси на жителите на Крим“, се наведува во соопштението од Кремљ.

Според рускиот претседател актуелните власти во Киев не прават ништо за да го запрат „дивеењето“ на ултранационалистите и радикалните сили во украинската престолнина и други области на земјата.

Сепак и Путин и Меркел се согласуваат дека во заеднички интерес е смирување на тензиите и нормализација на ситуацијата што е можно побрзо.

Во соопштението уште се наведува дека лидерите размениле ставови за тоа што меѓународната заедница може да направи за ситуацијата во Украина да се нормализира.

Слично

Поврзани вести