Путин: Светот ќе зависи од Русија и нејзината храна
Русија би можела да стане најголемиот светски снабдувач на еколошки чисти и високо квалитетни органски храни, рекол претседателот на Русија Владимир Путин.
„Не само што можеме да се прехраниме себе, земајќи ја предвид земјата, водните ресурси ...Русија може да стане најголем добавувач на здрава, еколошки чиста и високо квалитетна храна која западните произведувачи одамна ја запоставија, посебно со оглед на фактот дека побарувачката за тие производи на пазарот често расте“, рекол Путин во рускиот парламент.
Според неговите зборови, Русија сега е извозник, а не увозник на храна.
„Пред десет години, увезувавме речиси половина храна од странство и бевме зависни од увозот. Сега Русија е меѓу главните извозници. Минатата година, вредноста на рускиот извоз на земјоделски производи изнесуваше речиси 20 милијарди долари, што е за четвртина повеќе отколку што бил приходот од продажба на оружје“, рекол тој.
Путин вели дека се ова значи дека Русија ќе биде способна да го подмири домашниот пазар на храна до 2020 година.
Есента Кремљ донесе одлука производството на прехрамбени производи да не смее да содржи ГМО.
Русија воведе и ембарго на испораката на производи од ЕУ и САД, како одговор на западните санкции. Исто така, после соборувањето на рускиот „сухој“, руските власти одлучиле од 1 јануари да забранат увоз на овошје, зеленчук и пилешко од Турција.
