Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Судбината на „Јужен тек“ е во рацете на ЕУ!

Путин: Судбината на „Јужен тек“ е во рацете на ЕУ!
Русија ќе го напушти проектот „Јужен тек“ доколку Европската унија не ја одобри неговата изградба, најави рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Турција денеска. На заедничка пресконференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Путин призна дека Европската комисија за сега не сака да даде зелено светло за гасоводот за снабдување со гас на Европа преку Бугарија, со кој се заобиколува Украина. „Ако Европа не сака да се спроведе Јужен тек, тој нема да биде спроведен“, за првпат изјави Путин, откако претходно руските власти најавуваа дека немаат намера да се откажат од клучниот енергетски проект и за Балканот. На средбата на Путин со Ердоган, фокусот беше врз економските теми, а рускиот претседател најави дека Русија ќе ја намали цената на природниот гас за Турција за 6%, почнувајќи од следната година. Минатата година преку гасоводот Син тек, Турција од Русија набави 13,7 милијарди кубни метри гас. Истовремено, Путин најави дека Русија е подготвена да изгради складиште за снабдување со гас на Европа, на турско-грчката граница, со цел да се компензира за евентуалното стопирање на проектот Јужен тек.
Слично

Поврзани вести