Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН: Странски шпиуни засилено работат во Русија

ПУТИН: Странски шпиуни засилено работат во Русија

На вчерашната средба со безбедносните офицери во Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека само во 2015 година, разузнавачките служби спречиле 30 планирани терористички напади и откриле над 320 странски шпиуни во земјата.

„Сакам да истакнам дека оваа година благодарејќи на Федералната служба за безбедност (ФСБ), се спречени повеќе од 30 злосторства со терористички карактер. Нашето контраразузнавање има голема одговорност. Годинава открија и повеќе од 325 припадници на странските тајни служби. Гледаме дека тајните служби од голем број земји засилено работат во Русија“- изјави рускиот претседател.

Осврнувајќи се на конфликтот во Сирија, Путин рече дека руската армија е „далеку од тоа дека ги искористила сите свои капацитети” и најави засилени воени акции, ако тоа е потребно.

Според рускиот лидер, во моментов руските вооружени сили се борат против таа закана на фронтовите во странство, уништувајќи ја инфраструктурата на ИСИС, нивните кампови за обука и бази во Сирија.

Слично

Поврзани вести