Путин: Среќен сум што моите деца не се во политиката (ВИДЕО)
Рускиот претседател Владимир Путин во еден сегмент од документарниот филм „Интервјуата со Путин“ на контроверзниот американски режисер Оливер Стоун, говори за прв пат за неговиот приватен живот и семејството.
„Имам ќерки кои за среќа не се во политиката, ниту пак нивните сопрузи. Тие се занимаваат со наука и едукација, а не ги интересира ниту корпоративниот бизнис“, вели Путин.
Владетелот на Русија посочи и дека кога имаат семејни собири не се „караат“ за политика иако имаат различни ставови, а тој за жал нема доволно време за неговите внуци.
Слично
