Путин: Состојбата на Кипар е опасна игра
Нефер,непрофесионални и опасни, вака рускиот претседател Путин ги нарече “принудните наплати на банкарските депозити“, пренесува Ројтерс.
Тој утрово свикал итен состанок во Москва на кој се разговарало за изнаоѓање решение за финансиската состојба во Кипар, кој за да спречи финансиски банкрот на банките има намера да земе по 10 отсто од штедните влогови, од кои добар дел се на руски државјани
Според проценките на Мудис, руските банки на крајот на 2012-та година имале околу 12 милијарди долари пласирани на Кипар и корпоративни депозити во износ од 19 милијарди долари.
Во Кипар стравуваат дека руските инвеститори можат да ги повлечат парите со електронска трансакција .
Слично
