Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин со тајкунот Дерипаска во Кина вложува голема сума пари

Путин со тајкунот Дерипаска во Кина вложува голема сума пари

Русија и Кина потпишале договор за основање на нов инвестиционен фонд со првичен капацитет од 1,5 милијарди јуани (234 милиони долари) .

Овој фонд ќе им пружи финансиска поддршка на индустриските проекти во Русија и Кина. 

Договорот го потпишале Руско-кинескиот инвестиционен фонд и две кинески компании „Суијун капитал“ и „Даџенг инвестмент груп“ чија крајна цел на фондот е да има капитал од пет милијарди јуани.

„Фондот ќе учествува во имплементација на стратешки важни проекти, фокусирајќи се на Централниот федерален дистрикт, Далечниот исток на Русија и североистичниот дел на Кина“, изјавил директорот на Рускиот директен инвестиционен фонд, Кирил Димитриев.

Рускиот претседател со состанокот со претседателот на Кина во Пекинг ја започнал официјалната посета на таа земја, а според пишувањата со него е и рускиот тајкун од секторот на алуминиум Олег Дерипаска.

Слично

Поврзани вести