„ПУТИН СО ОВА ЌЕ МОРА ДА СЕ СООЧИ ПРЕД ЦЕЛА РУСИЈА“ - се огласи шефот на ЦИА за украинската офанзива на Курск
Украинските сили имаат намера да ја задржат руската територија што ја окупираа „некое време“ и очекуваната руска контраофанзива ќе биде тешка битка за Русите, изјави заменик-директорот на ЦИА Дејвид Коен.
– Рускиот претседател Владимир Путин ќе мора „да се справи со последиците во сопственото општество“ од губењето на руската територија – изјави Коен на информативна конференција.
На 6 август, Украина започна голем прекуграничен упад во руската област Курск, каде што тврди дека освоила 100 населени места, додека руските сили продолжуваат да напредуваат во источниот регион Доњецк.
Контраофанзива
Коен рече дека верува оти Путин ќе започне контраофанзива, но очекува тоа да биде тешка битка за Русите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека војната со Русија на крајот ќе заврши со дијалог, но дека Киев мора да биде цврст и дека планот ќе му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден и двајца негови потенцијални наследници.
Путин рече дека каков било договор треба да започне со тоа што Украина ќе ја прифати „реалноста на теренот“, што ќе и остави на Русија во сопственост значајни делови од четири украински региони, како и на Крим.
Сега Украина вели дека контролира повеќе од 1.200 квадратни километри од руската Курска област.
(Јутарњи лист)
