Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин со Национална гарда ќе се бори против тероризмот

Путин со Национална гарда ќе се бори против тероризмот

Претседателот на Русија, Владимир Путин издаде наредба за формирање  на Национална гарда во рамки на Министерството за внатрешни работи.

Гардата ќе се бори против тероризам и организиран криминал.

„Донесовме одлука за создавање на ново федерално тело, во рамки на Министерството за внатрешни работи, кое ќе се вика Национална гарда. Ќе ги обавуваат и работите кои сега ги вршат специјалните единици за разбивање на демонстранти и слично“- вели Путин.

Гардата ќе биде формирана од силите на полицијата. За директор на Федералната служба на војските на Националната гарда е назначен Виктор Золотов, се наведува во декретот на претседателот, што е објавен на сајтот на Кремљ. Путин додаде дека службата за контрола на наркотици и миграциската служба во иднина ќе му бидат потчинети на Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести