Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин со една изјава успеа да ја зајакне рубљата?

Путин со една изјава успеа да ја зајакне рубљата?
Курсот на руската рубља во однос на еврото и доларот зајакна за повеќе од една рубља по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе преземе мерки за стабилизација на националната валута. Во изминатите седум дена руската валута загуби 10% од вредноста во однос на доларот и еврото, а како главна причина за ова се наведува кризата во Украина и западните санкции кои предизвикуваат силен удар врз руската економија. Во обид да спречи натамошно обезвреднување, рускиот претседател Владимир Путин најави дека Кремљ ќе го ограничи движењето на парите или ќе преземе други „итни мерки“ за да се сопре падот на рубљата. Тој во обраќањето пред бизнисмени за време на Самитот во Пекинг, изјави дека Русија ќе преземе „неопходни чекори“ во однос на рубљата. По оваа изјава, претпладнево вредноста на доларот се намали за 1,01 рубља и изнесуваше 45,7 рубљи за еден долар. Вредноста на еврото, пак, се намали за 1,05 рубљи и изнесува 57,01 рубљи за едно евро.  
Слично

Поврзани вести