Путин слета на Алјаска
Авионот во кој се наоѓаше рускиот претседател Владимир Путин слета во Анкориџ, Алјаска, според податоците од веб-страницата „Флајт Радар“.
Како што може да се види на Flytradar, авионот што полетал од рускиот град Магадан моментално се наоѓа на аеродромот на воената база Елмендорф-Ричардсон.
Летот го следеа дури 458 илјади луѓе ширум светот. Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се одржи во Алјаска.
Слично
