Путин си ја намали платата за 10%
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за намалување на 10 отсто од платите на високите претставници на власта - претседател, премиер, генерален обвинител и претседателот на истражниот комитет, пренесоа агенциите.
Намалувањето ја опфаќа и платата, месечни и квартални бонуси, кои треба да бидат исплатени од 1 март до 31 декември 2015 година.
Намалени за 10 проценти ќе бидат исто така приходите на лицата чии примања се пресметуваат според претседателскиот декрет од 2004 година за плаќање на трудот за шефовите на некои федерални органи на извршната власт и декрет од 2013 година, влијателен на платите за лицата кои се одредени на јавни функции и лица чии плати се асимилирани на нивните според федералните закони.
